|
С А Б О Т А | 2 1 . н о е м в р и | 23:15
ГОРИБОР (Србија)
"Чудото од Бор", "Нивната музика е метафизика на животот", "Број 1 дебитанти, храбро и бескопмпромисно"... се само некои од дузината позитивни критики за бендот од малиот Бор, Србија. Со оригинален и искрен пристап кон блузот и електрониката, Горибор веќе ги освоија сите ex-yu коти. Во Скопје доаѓаат по прв пат. Рударски трип хоп каков што досега не сте слушнале.
Н Е Д Е Л А | 2 2 . н о е м в р и | 23:15
DAMAGE (Шведска) & SMART BOMB (Македонија)
Уште еден задолжителен HC настан. Швеѓаните Damage свират совршен спој помеѓу американскиот и шведскиот хард кор панк од 80-тите (школите кои што го дефинираа тој звук). Скопската поддршка ја даваат Smart X Bomb, бенд создаден од пепелта на FxPxOx. Доволна препорака...
П О Н Е Д Е Л Н И К | 2 3 . н о е м в р и | 23:15
SAJSI MC (Србија)
Ивана Рашиќ aka Sajsi MC е Ем-Си, бенд и белградски хип хоп феномен. Настапува како Sajsi MC заедно со својата сестра Тијана. Нивните настапи се карактеристични по нивната енергија, сексипил и отвореност. Ивана е најперспективниот женски Ем-Си на српската хип хоп сцена, а скопскиот концерт на раперката со најбрзиот и најдолг јазик на Балканот е промоција на нејзиниот долгоочекуван деби албум.
В Т О Р Н И К | 2 4 . н о е м в р и | 23:15
THE JOHN (Македонија)
Љупа Ангелов и неговата тројка The John го враќа духот на new wave-от таму кадешто му е местото - во урбаната indie култура. Гитари, строфи, рефрени... и песни, најсилното оружје на The John.
Ч Е Т В Р Т О К | 2 6 . н о е м в р и | 23:00
WOVEHAND (САД)
Од 2002. година пејачот и гитарист David Eugene Edwards (некогашен фронтмен на алт-кантри составот 16 Horsepower) работи со бендот Woven Hand. Прецизно аранжирани и со вкус на мистериозна готика, Woven Hand ја експлоатираат немапираната rock-noir традиција на современата американа. Религија и рокенрол, талент и визија... во едно. Must-hear/must-see бенд.
|