<<  Септември 2010  >>
 по  вт  ср  че  пе  са  не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
Cinedays Клуб
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРЦИ PDF Печати Е-пошта

 

2 0 .  н о е м в р и  |  П Е Т О К  |  18:00
THE FALL: THE WONDERFUL AND FRIGHTENING WORLD OF MARK E. SMITH
режија: Дион Њутон
Англија | 2005 | BetaSP | 60 минути |
колор

Марк Е. Смит ја има задолжено британската поп култура со своето тврдоглаво инсистирање на начинот кој му создаде огромен број на фанови. Повторливи и интелектуални текстови, изговорени на специфичен начин, дискографија која живо ги следи трендовите и останува едноставна – без да претераме, ББС снимил 60 минутна пофалница за сите лудории на Смит, покојниот John Peel го обожувал филмот, а ние сме воздигнати од него, и се надеваме дека и вие ќе го доживеете истото.
 

 

2 1 . н о е м в р и  |  С А Б О Т А  |  17:30
NAPRED U PROŠLOST - BANATSKI TROUGAO
режија: Дарко Ковачевиќ 
Србија | 2008 | (PAL, DV/DVD) | 66 минути | колор

Јована Р е тинејџерка која се занимава со фотографија. Го набљудуваме нејзиното интернет истражување и потготовката за фотографирање на култниот бенд Напред у прошлост, кој ќе се случи во Палиќ. Истовремено сме сведоци на пристигнувањето на бендот во Палиќ. Џаво, Куџа и Киклоп, се тројцата членови на бендот кој опстојувал долги години, а бендот се распаднал пред 10 години. Сега тие се присилени да дојдат заедно и имаат многу да си кажат еден на друг. Нивниот разговор е емотивен и реален, но нивната имагинација ги води во паралелен свет на постоење. Патиштата на Јована и НУП се вкрстуваат. По концертот Јована се враќа во нејзиниот тинејџерски свет и се подготвува за следниот ден, додека бендот заминал во мистичниот свет, кој самите го создале.
 

 

2 2 . н о е м в р и  |  Н Е Д Е Л А  |  17:30
DUB ECHOES
режија: Бруно Натал
САД | 2009 | DVD | 74 минути | колор

Денешната модерна електронска музика не може ад се замисли без влијанието на ДАБ музиката. Се што јамајканските пионери King Tubby и Lee Scratch Perry готвеле во нивните скромни кујни, денес тоа претставува зачин, без кој готвењето неможе да се замисли. За сите кои незанаат за што станува збор, ова е одлична можност да дознаете од прва рака. А, за оние кои знаат, погледнете го опуштено филмот, каде ќе може да ги видите истакнатите бразилски бендови, чии гости се Thievery Coorporation, Basement Jaxx, Mad Professor, неизбежниот Don Lettis и останатите вљубеници во овој прекрасен ефект. . .ефект. . .фект. . .кт
 

 

2 3 . н о е м в р и  |  П О Н Е Д Е Л Н И К  |  17:00
PUT THE NEEDLE ON THE RECORD
режија: Џејсон Рем
САД | 2003 | Betacam SP | 83 минути | колор

За вљубениците во електронската музика, овој филм е за патувањето на денс музиката од нејзините почетоци до денес. Џејсон Рем е во Мајами на годишната ДиЏеј конференција, каде има можност да се сретне со важни ДиЏеи и продуценти. Тој ја користи оваа прилика. Филмот може да се гледа како забава од високата класа и како одличен документарец за широко дефиниран поим. Дали сте или не сте фан на данс музиката, не ја пропуштајте оваа прилика и погледнете го филмот на големото платно, но запомнете дека не е културно да се игра во кино. Можноста да ги видите своите омилети ДиЏеј херои како Deep Dish, Charles Feelgood, Dieselboy, Josh Wink, пропратени со разиграна и спонтана енергија – немојте да кажете дека не сме ве предупредиле.

 

2 4 . н о е м в р и  |  В Т О Р Н И К  |  17:30
PREDI, PREDI ŠČI MOJA (TAMARA OBROVAC)
режија: Инес Плетикос
Хрватска | 2007 | DVD | 27 минути | колор

Со огромна почит и љубов режисерката Инес говори за својата пријателка од детството. Ова е филм за една од најдобрите (етно) џез музичари во Хрватска, за која Хрватите знаат помалку од странците. Тамара Обровац открива шно на неа имало големо влијание како уметник и како личност. Филмската екипа ја следи Тамара на нејзината концертна турнеа и документира се одвнатре и ни дава можност одблиску да го набљудуваме нејиниот и не така гламурозен живот.

 

2 4 . н о е м в р и  |  В Т О Р Н И К ?????
THE BREEDERS - REAL DEAL
режија: Паула ван Олсен
САД | 2002 | DVD | 40 минути | колор

Филмот е дел од легендарната холанска докумернтарна серија Lola da Musica, и е посветен на култната Ким Диал, басистката на бендот Pixies. Ова е приказна за сестри близначки, Ким и Кели, оснивачките на Breeders. Филмот е сниман во нивната куќа, и секој оној кој мислел дека Ким е најкул личноста која живее на оваа планета, ќе се увери во истото. Свирките во градината и собата за вежбање го прикажуваат шармот на настапите на Breeders, и сето она што е причина да го попуштиме системот кога Cannonball е на радио.

 

 

2 5 . н о е м в р и  |  С Р Е Д А  |  17:00
OČI U MAGLI
режија: Нино и Јадранко Понграц
Хрватска | 2005 | DVD | 31 минута | колор

Ова е филм за Зденко Фрањиќ, легендарниот оснивач на независната дискографска куќа Слушај Најгласније. Многумина од неговите соработници и новинари говорат за него, и самиот Фрањиќ говори за деталите на неговата фасцинантна кариера. По неговото појавување, дискографската индустрија не остана иста, а бендовите како Мајке, Humpers и Сатан Пановски остварија блистави кариери. Зденко денес ја продолжува приказната во негов стил, откривајќи ги непознатите работи кои ја прават нашата underground музичка сцена жива и возбудлива. Голем број на ексклузивни фотографии и bootleg снимки кои до сега се невидени се користени во филмот.

 

2 5 . н о е м в р и  |  С Р Е Д А  |  ??????
KIKE TURMIX
режија: Роџер Сомерсет
?????? | 2007 | DVD | 44 минути | колор

Панк рок сцената од 90-тите неможе да се замисли без бендот Pleasure Fuckers. Кике Турмикс беше пеачот и движечката сила на бендот. Исто така тој беше и концертен промотер и успеа да ги поврзе Скандинавија и америка. Овој филм е за неговата страст и чувства, а ние наздравуваме во негово име.

 

 
2 6 . н о е м в р и  |  Ч Е Т В Р Т О К  |  17:30
PRVI PRAVI ŽENSKI ZVUK - BOYE
режија: Бранкица Драшковиќ
Србија | 2009 | DVD | 78 минути | колор

Документарниот филм „Први прави женски звук“ говори за бендот Boye, од Нови Сад, којшто во почетокот на 80-тите го оживеа женскиот дух на југословенската Rock’n’Roll сцена, и успеа да си најде место на „машката“ сцена. Нивната приказна, украсена со постојаност и женски принципи е претставена во филмот како дел од поширок културен и социјален контекст. Многуте интересни луѓе и архивски снимки го прават овој филм неоддолив за оние кои го сакаат бендот.