|
|
|
|
2 5 . н о е м в р и | С Р Е Д А | 16:30
OČI U MAGLI ![]() режија: Нино и Јадранко Понграц Хрватска | 2005 | DVD | 31 минута | колор Ова е филм за Зденко Фрањиќ, легендарниот оснивач на независната дискографска куќа Слушај Најгласније. Многумина од неговите соработници и новинари говорат за него, и самиот Фрањиќ говори за деталите на неговата фасцинантна кариера. По неговото појавување, дискографската индустрија не остана иста, а бендовите како Мајке, Humpers и Сатан Пановски остварија блистави кариери. Зденко денес ја продолжува приказната во негов стил, откривајќи ги непознатите работи кои ја прават нашата underground музичка сцена жива и возбудлива. Голем број на ексклузивни фотографии и bootleg снимки кои до сега се невидени се користени во филмот.
|





