<<  Септември 2010  >>
 по  вт  ср  че  пе  са  не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
Cinedays Клуб
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
PDF Печати Е-пошта
Ч Е Т В Р Т О К  |  2 6 . н о е м в р и  |  20:00

СКРШЕНИ ПРЕГРАТКИ

LOS ABRAZOS ROTOS
Педро Алмодовар 
(129 min.)

Човек пишува, живее и ја обожава темнината. Пред четиринаесет години, имал тешка сообраќајна несреќа на островот Ланзарот. Во несреќата покрај тоа што го изгубил видот, ја изгубил и Лена, љубовта на неговиот живот. Овој човек користи две имиња: Хари Кеин, шеговит псевдоним кој го употребува за потпишување на неговите литературни дела, приказни и скрипти, и Матео Бланко, неговото право име, по кое е нормално познат и со кое се потпишува на филмот што го режира.
По несреќата Матео се редуцира само на неговиот псевдоним, Хари Кеин. Ако неможе да режира филмови, тогаш тој може да опстане само со идеата дека Матео Бланко загинал на Ланзарот, заедно со неговата сакана Лена. Сега, Хари живее благодарејќи им на скриптите што ги пишува и помошта која ја добива од неговата поранешна менаџерка на продукција, Јудит Гарца, од Диего, нејзиниот син, неговата секретарка, дактилографка и водич. Поради фактот што тој има одлучено да живее и раскажува приказни, Хари е активен, привлечен слеп човек, кој ги има развиено преостанатите сетила со цел да ужива во животот, на база на иронија и само-поттикната амнезија. Тој ги има избришано од биографијата сите траги од неговиот прв идентитет, Матео Бланко.
Една вечер, Диего преживува несреќа и Хари се грижи за него (неговата мајка, Јудит, е надвор од Мадрид и тие одлучуваат да не и кажат ништо за да не ја вознемират). Во текот на неговите први ноќи на закрепнување, Диего го прашува за времето кога тој го користел името Матео Бланко, и по збунувачкиот момент, Хари неможе да го одбие Диего и со идеа да го забавува, му раскажува на што се случило пред четринаесет години, на начин на кој таткото му раскажува на детенцето приказна за да заспие. Приказната за Матео, Лена, Јудит и Ернесто Мартел е приказна за љубов, доминирана со фаталност, љубомора, злоупотреба на моќ, предавство и комплекс на вина. Ова е потресна и ужасна приказна, каде што најекспресивната појава е сликата на двајца љубовници во прегратки, кои се распарчени на илјадници делови.