<<  Септември 2010  >>
 по  вт  ср  че  пе  са  не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
Cinedays Клуб
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
ЗА ФЕСТИВАЛОТ PDF Печати Е-пошта


Младинскиот културен центар како една од водечките културни институции во Македонија е домаќин и основач на единствениот фестивал на европскиот филм CINEDAYS. Овој престижен филмски фестивал во својата историја бил домаќин на највозбудливото од современата европска кинематографија како и на најголемите кинематографски имиња на Eвропа. Ова придонесе пред неколку години  Арт-Киното “Фросина” да биде примено од страна на ЕУРOИМАЖ во Асоцијацијата на Европските кина.

Како и досега, главни поддржувачи на фестивалот се Градот Скопје и Министереството за култура на Република Македонија.

Со текот на времето Интернационалниот филмски фестивал CINEDAYS прераснува во филмска манифестација од висок рејтинг со која се промовираат европските културни вредности и традиции, со главен акцент се разбира, на  европското кинематографско наследство и развивањето и негувањето на кинематографската култура воопшто. Воедно, со ова и се нуди можност на домашната публика да се запознае со најновите и најквалитетните европски и светски филмски достигнувања, како и со некои од нивните автори, и уште повеќе да го продлабочи  интересот и знаењата од кинематографијата.

Културни настани од ваков вид имаат големо влијание врз формирањето севкупната културна слика на градот и државата воопшто, го подигнуваат општото културно ниво, го подобруваат квалитетот на животот во средината, претставувајќи при тоа медиум за комуникација на македонската со европската култура.