<<  Септември 2010  >>
 по  вт  ср  че  пе  са  не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
Cinedays Клуб
Make sure you have at least Flash Player 7. If not,please download.
PDF Печати Е-пошта
В Т О Р Н И К  |  2 4 . н о е м в р и  |  20:45

МАКС МАНУС

MAX MANUS
Јоаким Ренинг, Еспен Сандберг
(118 min.)

Откако се бори против комунистите во Финска, Макс Манус се враќа во Норвешка која што е окупирана од Нацистите. Тој му се приклучува на Норвешкото движење на отпорот во нивната борба против Германците, но набргу е уапсен. Успева да побегне во Шкотска, каде што се здобива со обука, за да биде повторно вратен во Норвешка да извршува разни саботерски мисии против окупаторските сили. Стигнувајќи во Норвешка со својот
пријател Грегерс Грам, неговата прва мисија е да ги напаѓа германските бродови за достава. Доживува спектакуларен успех, и набргу станува посебна мета на командантот на Гестапо, Зигфрид Вофганг Фемер. Меѓутоа Манус успева да побегне и заедно со Грам, и со Гунар Сенстеби, ја формира така наречената „Осло група“. Стокхолм станува собиралиште за норвежаните со сојузничките армии. Овде Грам го запознава Манус
со Тикен, кој работи како норвешки човек за контакт со британскиот конзулат. Тие двајца набргу развиваат посебно пријателство. Како што војната станува се посурова, многумина од пријателите на Манус ги губат животите во борбата против Германците, и тој почнува да се обвинува затоа што преживеал. По средбата со Фемер сфаќа како сите се жртви на бесмисленоста на војната.