|
|
|
|
Н Е Д Е Л А | 2 2 . н о е м в р и | 20:30 СВЕТИ ЃОРЃИЈА ЈА УБИВА ЛАМЈАТА ![]() СВЕТИ ГЕОРГИЈЕ УБИВА АЖДАХУ Срѓан Драгојевиќ (120 min.) Филмот започнува со битката против Турците за време на Првата балканска војна во 1912 и завршува со почетокот на Првата светска војна и решавачката битка за Цер, првата сојузничка победа во Првата светска војна. Поголемиот дел од дејствието се одвива во и околу селце во близина на реката Сава, на српската граница со Австро -Унгарија.
Селото е поделено на способни мажи кои се потенцијални воени регрути и многу ветерани кои се останати инвалиди од претходните Бакански војни, и помеѓу двете групи постои огромна злоба, кои не се дружат и контактираат и покрај фактот што живеат во исто село. Главната тема на филмот е љубовниот триаголник помеѓу селскиот жандар Ѓорѓе, неговата жена Катарина и младиот воен инвалид Гаврило, кој пред да замине во војна и да ја изгуби раката во битка, а истовремено со губитокот на раката ја губи и помалку желбата за живот, бил во љубовна врска Катарина. И покрај тоа што во меѓувреме Катарина се мажи за Ѓорѓе, таа се уште има чувства за Гаврило, што претставува причина за судир меѓу двајцата. На почетокот на Првата светска војна, сите способни мажи во селото се регрутирани за војна. Во селото се останати само жените, децата и инвалидите од Балканските војни. Почнуваат да се шират гласини дека инвалидите во селото се обидуваат да ја искористат ситуацијата и им се додворуваат на жените во селото – сопругите и сестрите на регрутираните мажи. Овие гласини стигнуваат и до селаните на фронтот, и за да се спречи бунт, воените офицери одлучуваат да ги регрутираат и инвалидите и да ги испратат на фронт. |





