1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Само сонот е стварност!

САМО СОНОТ Е СТВАРНОСТ!


Зграда на левиот брег од реката. Речиси залепена до зградата на мудроста. Ја нарекуваат – Младински културен центар. За сите млади – од 7 до 77 години! Програми - разновидни, слободарски, инспиративни… За филмофилите – некогаш одамна Синеастички вечери, потоа Кинотечна програма, па Арт-кино и конечно Фросина! Кино именувано по првиот македонски игран филм!

Момците и девојките од МКЦ знаеја дека Холивуд е – клише, бизнис! Уметноста на филмот е некаде другаде. Со отворено срце ја пригрлија иницијативата на Педро Алмодовар за создавање на паневропски филмски фестивал којшто ќе ги воспева доблестите на европскиот филм. Или, ако сакате – почувствуваа порив да станат дел од културната политика на Европската Унија оти едноставно веруваа во она што Алмодовар го пропагираше дека иднината на европскиот филм е во разновидноста, откривањето и отвораноста и дека таа иднина зависи од сите нас! Искрено посакаа да стават свој печат во пропагирањето на тој и таков европски филм!

Оти, европскиот филм не е само географска одредница!
Филмови со доминантно уметничка мотивација, филмови во движење, филмови во потрага по различности, филмови со многуслојни значења, филмови со интригантни ракописи, филмови со нова свежина надвор од уметничките граници на минатото и сегашноста… Европски филм – тоа е разбранувано море на авторски кинематографии коишто се борат како сонот да го престорат во стварност.
И значи, момците и девојките од МКЦ ставија свој белег во тоа како сонот да го престорат во стварност – го создадоа CINEDAYS. Фестивал на европскиот филм! И ги освоија сите скопски киносали. Вклучително и салата во харизматичната Кинотека на Македонија! И “без око да им трепне” нe доведоа до 10-тото издание!

Е па,ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ!
За мене беше интересно како, практично, тие момци и девојки минатата година (значи на 9-тото издание) го соопштија својот став спрема величието на филмската уметност – рекоа: CINEDAYS се бори со пиратеријата! Со секое донирано пиратско ДВД билетот ќе чини само 50 денари! Инаку, во меѓупростор недоброј филмови, програми, работилници, презентации…и гости! “Ветерот што го ниша јачменот” (Кен Лоуч), “Мандерлеј” (Ларс вон Триер), “Бели дланки” (Шаболч Хајду), “Светлини во муграта” (Аки Каурисмаки), “Режисер на венчавка” (Марко Белокио), “Истрага” (Иглика Трифонова), “Армин” (Огнен Свиличиќ), “На работ од рајот” (Фатих Акин), “Клас” (Илмар Раг), “4 месеци, 3 недели, 2 дена” (Кристијан Мунгиу), “Дете на војната” (Кристијан Вагнер), “Александра” (Александар Сокуров), “Глад” (Стив Меквин), “Пандорината кутија” (Јесим Устаоглу), “Позади стаклото” (Зринко Огреста), “Белата панделка” (Микаел Ханеке), “Селски учител” (Бохдан Слама), “Читачот” (Стивен Далдри), “Полиција, придавка” (Корнелиу Порамбоиу), “Скршени прегратки” (Педро Алмодовар), “Америка однатре” (Барбара Едер)…Ах, немам повеќе простор за да ги набројам сите филмови по чија проекција бегав од луѓето за да можам во самотија да ја одмолчам болката на убавината.

И однапред да најавам - од 10 до 20 ноември ме нема! На CINEDAYS сум!


Илинденка Петрушева
филмолог

Гала премиери вон конкуренција

Previous Next

Анкета

Дали ќе присуствувате на Cinedays?

Е-информатор

Сине Балкан

Малиот бог на љубовта

Малиот бог на љубовта Во Подгорица, Црна Гора, Никола и Нина, сопружници се шетаат по дождлива ноќ. Одат да ги посетат родителите на Нина. Нејзината мајка е смртно болна,...

Повеќе...

Накриво

Накриво Во почетокот на 90-тите, четворица другари се обидуваат да заработат пари преку нивниот сон да отворат бар кој ќе се нарекува ТИЛТ. Непланирана сред...

Повеќе...

Локалниот вампир

Локалниот вампир Како би ги спасила од коцкарски долгови, мајката лажно ја пријавува смртта на својот син. Синот почнува да се крие, излегува навечер и како вампир с...

Повеќе...

Оставени

Оставени Тринаесет годишниот Ален израснува во сиропатилиште во Сараево. Тој сонува да ја најде својата мајка, Франсуски воен известувач за време на воените ...

Повеќе...

Татко

Татко Татко и син поминуваат цел ден во шума. Тие рибарат, зборуваат, со цел да проверат каков е статусот на нивната врска. Возрасниот, таткото, во одгово...

Повеќе...

Два сончеви денови

Два сончеви денови Мартина и Петар се сопружници кои се повеќе се одалечуваат еден од друг. Доаѓаат на Хрватското крабрежје да се помират со нивните разлики и повторно...

Повеќе...

Таму и овде

Таму и овде Роберт, средновечен човек од Њујорк кој е останат без пари и во депресивна состојба, е избркан од неговиот стан. Тој го вработува Бранко, млад иммиг...

Повеќе...

Бели лавови

Бели лавови Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Curabitur eget lorem massa, in facilisis erat. Nunc diam diam, pretium id feugiat non, males...

Повеќе...

Пријатели