Работилница-СЛИКИ ОД БАЛКАНОТ
18 - 20 ноември
Проекции што ќе претходат:
-Чија е оваа песна? Адела Пеева
-На работ од Европа од Brand New Communications, Косово
-На екс, бивша ЈУ-копродукција предводена од Smart Collective
од Белград, Србија
1. ГРАНИЦИ, ИДЕНТИТЕТИ
18 Ноември 13:00ч
Презентација на Балканот во најновата филмска продукција,
панел-дискусија, МКЦ 13h. Учесници: Лев Крефт (Словенија), Елизабета Шелева (Македонија), Кујтим Чашку (Албанија), Станислав Семерџиев (Бугарија), Милосав Мариновиќ (Србија); модератор: Роберт Алаѓозовски.
Овој академски панел ќе донесе дополнителни препораки за впечатоците од Балканот и за најновите слики за него во филмот и во културата (како дел од академската дебата западнизам /балканизам/ориентализам).Тој ќе се обиде да формира пообјективни односи спрема претставите за Балканот и прашањата за балканскиот менталитет, кои денес се пообременети со стереотипи и негативни премиси отколку со реални комплексни и длабоки анализи.
2. БАЛКАНСКИ ПАЗАР
19 Ноември 13:00ч
Како да се дејствува во европски контекст
Автори на филмови, режисери, сценаристи, продуценти, новинари од регионот и гости од европски земји ќе учествуваат на средбата. Во неформална дебата тие ќе се обидат да ги презентираат и да дискутираат за особеностите на филмскиот контекст на Балканот. Тие ќе се обидат да истражат како креативно да ги искористат заедничките аспирации кон европскиот филмски контекст како и потребата за признавање, како дел од европската културна политика.
|