За Скопје

Скопје е главен град на Република Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (Skupi).
Скопје има различна транскрипција во различни јазици и култури.

Историја

Скопје за прв пат се споменува од Клаудиј Диоломеј под античкото име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај племето Пајонци. Скупи, исто така, значи и „населба на див народ“, бидејќи Дарданците биле алчни и сурови непријатели на Македонија и античкиот свет.
Според историските податоци, градот е формиран од Дарданците во третиот век пред нашата ера, а подоцна во 164 година пред нашата ера паѓа под власт на Римјаните и станува дел од провинцијата Мизија, дел од областа Дарданија. Во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град.
За време на владеењето на првиот македонски цар Самуил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп.
На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.
Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска окупација.
За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 Ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

 

Територијална организација на Скопје

Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Гази Баба со 72.617 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 km², а најмала е Чаир со 3,5 km².

Јавен превоз

Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспорделиво најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина

Туристички локации

Места од интерес за туристички разгледувања се:

  • Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15-тиот век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
  • Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на 6-ти век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.


  • Даут-пашината бања изградена во 15-тиот век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
  • Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
  • Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
  • Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
  • Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.
  • Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови

Скопски земјотреси

За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Во 16-от и 17-от век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја.
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

Земјотресот од 1963

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје кои помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „Град на солидарноста“.

Познати личности

 

Градоначалник на Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје.

  • Градоначалник на град Скопје – Трифун Костовски

Трифун Костовски (27 декември 1946, Скопје) е познат македонски деловен човек, донатор и моментален Градоначалник на Град Скопје (2005-). Женет е и има три деца.
Костовски дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Покрај македонскиот, говори и англиски, полски, руски и српскохрватски јазик.
Добитник на наградата „Климент Охридски“ за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност (2004)
Основач на Фондацијата “Трифун Костовски” во рамките на Македонска Академија на Науките и Уметностите|Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Ктитор на изградбата на Соборниот храм “Света Богородица”, заштитничката на Скопје
Сопственик на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров кој во сезоната 2001/2002 ја освои титулата европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција
Претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал
Спонзор на “Пелистер Кометал“, повеќекратен државен шампион во ракомет во машка конкуренција
Основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија
Финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, помош на инвалиди, финансиска поткрепа на социјални случаи, помош на болни за операции и лекувања
Спонзорирање на школување на млади музичари и уметници

 

  • Грб на град Скопје

Грб Град Скопје

  • Знаме на град Скопје

Официјално знаме на Скопје