Жири
МАКС АЗУЛЕ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО
Макс Азуле е роден во Маракеш, 1947 година. Тој е основач и актуелен директор на акедемијата за филм ЕСРА. Дипломира во Париз како прв во класата на Универзитетот Дофин.
По многубројните искуства во компанииите за филм, продукции и предавања во областа на теоријата на филмот, Макс Азуле ја креира ЕСРА, на 25 годишна возраст.
ЕСРА почнува да работи во 1972 година во Париз и низ својот развој до денес од година во година во својата програма вклучува се што е ново во филмската индустрија. Од изработка на звук до 3Д анимации. Раширена е низ повеќе светски локации ( Париз, Ница, Рен, Њујорк и во Скопје)
Меѓу другото, Азуле во своето 35 годишно искуство создава и филмови, пишува новинарски прилози, уредува педагошки изданија и е дел од жирито на повеќе фестивали.
АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ – ЧЛЕН НА ЖИРИ
Роден е во Скопје. Дипломирал1987 година на државната школа за Театар, Филм и ТВ ви Лоѓ, ПОлска, на отсекот за Филмска Режија.
По низа кусометражни и документарни остварувања, во 1991-та година го реализира својот прв долгометражен филм "ПРЕКУ ЕЗЕРОТО"во Македонско - Полска копродукција.
Вториот филм "КАКО ЛОШ СОН" , кој е Македонско-Хрватско-Англиска Копродукција, Митриќески го работи во 2003-тата.
Во 2006-та ја издаде збирката поезија ВО 2006-ТА ЈА ИЗДАДЕ ЗБИРКАТА ПОЕЗИЈА "ПАТУВАЊЕ".
Работи како доцент по предметот Филмска Режија на ФДУ во Скопје.
ПРОФ. ДР. СТАНИСЛАВ СЕМЕРЏИЕВ – ЧЛЕН НА ЖИРИ
ПРОФ. ДР. СТАНИСЛАВ СЕМЕРЏИЕВ (1963) е ректор на Националната академија за Театарска и Филмска уметност (НАТФА) - Софија, Бугарија. Тој исто така е и Претседател на Бугарската Асоцијација за Филмски, ТВ и Радио сценаристи (БАФТРС) и потпретседател на Светската асоцијација за училишта за Филм и ТВ(ЦИЛЕЦТ).
Покрај тоа што објавувал текстови во специјализираните весници и магазини, автор е и на монографијата "КРАТКА ИСТОРИЈА ЗА ПИШУВАЊЕТО ТЕКСТОВИ ЗА ФИЛМ НИЗ СВЕТОТ-ПРВ ДЕЛ,, САД (1994)".
Бил и претседател и член на жири на повеќе меѓународни филмски фестивали.
|