Најнови вести од фестивалот

6-тиот “Синедејс” отворен !!!


На 16.ноември, 2007год во 20ч во Арт-киното “Фросина” вo MKЦ во свечена атмосфера и со црвен килим беше означен стартот на 6.фестивал на Европскиот филм “Синедејс” кој ќе трае до 23 ноември.

Фестивалот беше отворен со годинешниот кански лауреат “4 месеци,3 недели и 2 дена” на Кристијан Мунгиу од Романија.

Пригодни говори по повод отварањето на фестивалот одржаа: Селекторот Лабина Митевска, градоначалникот на градот Скопје Трифун Костовски, Претседателот Евопската мисија во Македонија Ерван Фуере и директорот на фестивалот Борис Момироски.

По премиерната фестивалска проекција беше приреден коктел-прием во популарната дискотека Хард Рок.