Вовед

Добродојдовте на 6. Фестивал на европски филм „Синедејс“, но овој пат со сосем нова концепција и содржини и со цел да се претвори во вистински филмски фестивал.

Фестивалот на европскиот филм кој веќе неколку години се одржува во Младинскиот културен центар, од оваа година ќе постави сосем поинакви стандарди и ќе направи таква филмска манифестација која меѓудругото има намера да помогне во заживување на киносалите
и која што ќе овозможи многу поголема присутност и достапност на исклучителните европски филмови.

Покровител  на фестивалот е претседателот на Собранието на РМ, а голема поддршка веќе неколку години наназад тој има и од Мисијата на европската унија. Ако ја добие и таа на публиката тогаш тоа ќе биде вистинскиот погодок, односно вистинскиот филмски настан во Македонија.